Macedonian - македонски
Сигурна работа, подобра плата: Промени на австралиските закони за работни односи
Fair Work Act (Закон за праведна работа) е изменет за да вклучи низа нови закони за работни односи.
Имаме повеќе информации на Secure Jobs, Better Pay: Changes to Australian workplace laws (Сигурна работа, подобра плата: Промени на австралиските закони за работни односи). Изберете го вашиот јазик од менито на врвот на страницата за да ги преведете информациите.
Сите вработени имаат право на 10 дена платено отсуство за семејно и домашно насилство, вклучувајќи ги и вработените со скратено работно време и повремено вработени.
Платеното отсуство за семејно и домашно насилство е ново минимално право на отсуство, како што e годишен одмор или боледување или отсуство за негувател.
Отсуството е достапно од:
- 1 февруари 2023 година – за вработени кај работодавачи кои не се мали бизниси
- 1 август 2023 година – за вработени кај работодавачи од мали бизниси.
Наскоро ќе имаме повеќе информации достапни на нашата веб страница.
Дознајте повеќе за Ново платено отсуство за семејно и домашно насилство. Изберете го вашиот јазик од менито на врвот на страницата за преведување.
Информациите на оваа страница можат да ви помогнат да разберете кои се вашите права и обврски на работа. Овие информации важат за повеќето луѓе што работат или вработуваат работници во Австралија.
Ако ви треба преведувач: